Домашен Ајвар

100% природна мешавина од висококвалитетени печени пиперки, модар патлиџан и зачини, обработени на начин да го дадат препознатливиот вкус на ВаВа ајварот. Ова традиционален специјалитет е совршен додаток на паста, месо, или едноставно намачкан на леб. Не содржи глутен, вештачки бои и конзерванси. Во зависност од вашите преференци, ајварот е достапен во блага и лута варијанта.

Домашна Лутеница

Овој традиционален македонски производ се подготвува по домашен рецепт од црвени печени пиперки, моркови и сос од свежи домати, што го прави овој производ единствен на пазарот во својот богат и незаборавен вкус. Лутеницата има широка употреба во секоја кујна, одлично одговара како додаток на месо од скара, сос или пак паста. Не содржи глутен, вештачки бои и конзерванси.

Бонбонки со сирење

Овие слатко лути cherry пиперчиња се полнети со кремасто сирење и се идеални како предјадење, закуска или како додаток на секое јадење.

БАГА ФООД ДОО е фабрика специјализирана за преработка и конзервирање на производи од високо квалитетни суровини (зеленчук и овошје), кои потекнуваат од плодните македонски краишта. Фабрика започна со работа во 2002 година и за многу кратко време успеа, со своите висококвалитетни Ва-Ва прозводи, да ги освои пазарите и потрошувачите во Европа, САД и Австралија.

Синергијата од  поволни климатски услови, долгогодишна традиција во одгледување на земјоделски производи и користење на најсовремена технологија во производството  резултираше со креирање на висококвалитетни, здрави и вкусни производи од овошје и зеленчук. Производствените процеси не вклучуваат употреба на конзерванси, вештачки бои и адитиви што ги прави Ва- Ва производите 100% природни. Нашите производите се соодветни за вегетаријански начин на исхрана и не содржат глутен.

Она што во 2002 започна како производство на неколку производи од преработен зеленчук, денес успешно се развива во компанија која во својата производна палета има повеќе од 50-тина производи и специјалитети од преработен зеленук и овошје. Ва-Ва брендот претставува синоним за висок квалитет, традиција и грижа за потрошувачите. Во иднина остануваме посветени на нашата цел, задоволување на барањата на потрошувачите, задржувајќи го високиот квалитет на производите притоа следејќи ги новите трендови.

Фабриката го има имплементирано системот за менаџмент за безбедност на храна ISO 22000:2005, кој го гарантира квалитетот и безбедноста на производите.

Ва-ва низ светот